Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повик за учество на тренинг за новинари и медиумски работници на теми „Вештини на јавниот настап во електронските медиуми” и „ Медиумска писменост: опасност од дезинформациите во медиумите и на социјалните мрежи “.
На дводневниот тренинг кој ќе се одржи на 15 и 22 март 2023 година (во термин од 17:00 – 20:00) во Центар Јадро во Скопје, право на учество имаат новинар(к)и и медиумски работници од целата земја, без разлика на возраст и во каков тип на медиум работат.
Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични знаења од областа на вербална и невербална комуникација, неформално и јавно говорење, ефективна комуникација, етика во медиумите и на социјалните мрежи, критичко размислување при дезинформации и лажни вести итн.
Рокот за пријавување е до 13 март 2023 година, а секој(а) заинтересиран треба да испрати кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com
Тренингот што го организира Самостојниот синдикат на новинари е бесплатен, а сите неопходни материјали ги обезбедува организаторoт.
За дополнителни информации во врска со тренингот, можете да не контактирате на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com.
Со почит,
ССНМ