Поддршка за штрајкот во МПМ

Датум

Синдикатот на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО Синдикатот како прогресивни синдикати кои дејстуваат врз начелото на синдикалната слобода и солидарност, искажуваат безрезевна поддршка на оправданите барања на вработените во дневните весници Утрински весник, Дневник и Вест и вработените во Jавното претпријатие Mакедонски железници кои изминативе денови штрајкуваат. Наспорти се поголемото работничко незадоволство, Сојузот на синдикатите и Кофедерацијата на самостојните синдикати на Македонија во целиот изминат период а и досега се само неми посматрачи на сите штрајкови и не се осмелија макар и декларативна да искажат поддршка на штрајкувачите. Но затоа тие во изминатиот период како најголеми синдиклани организации во Македонија беа само верни слуги на власта, афимрмирајќи ги нивните закони и наводниот социјален дијалог во Македонија, кој според нив е на највисоко ниво. Како резултат на нивните пасивност и поданички однос кон власта и работодавачите, од ден на ден работничкото незадоволство во Македонија е се поголемо. Па така, наместо работниците да штрајкуваат за поголеми права, тие се приморани да штрајкуваат за исплата за плати, за она што чесно го заработиле.

Неисплатените плати се резултат на лошото менаџирање на компаниите кои се заинтересирани само за нивниот профит а платите и другите права од работен однос за нив се во втор план. Незадоволството кое е таложено со години, можно е да прерасне во општо работничко незадоволство на повеќе синдикати. Игнорантскиот однос на менаџментот во изданијата на Медија принт Македонија и Јавното претпријатие Македонски железници кои одбиваат да разговараат со штрајкувачите, уште повеќе го поттикнува револтот кај штрајкувачите кои неможат да го остварат заработеното. Четирите синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО Синдикатот како предводници и предвесници на новото синдикално движење во Македонија со уште неколку синдикати кои во изминатиот период низ протести и штрајкови се борат за поголеми права на своите членови, подготвени се солидарно да се вклучат во остварувањето на нивните барања за исплата на платите на Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија и Синдикатот на МЖ – Инфрастуркутра и Независниот синдикат на машинскиот персонал и да им пружат секаква помош, правна, финансиска и друга. ,

Синдикат на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО Синдикат

Останати
објави

Сподели на...