Потсетување за новинарите и медиумските работници за регресот за годишен одмор

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги потсетува своите членови, но и сите вработени во медиумите во Македонија за обврската на работодавачите да им исплатат регрес за годишен одмор (познат како К-15).

Оваа обврска на работодавачите произлегува од колективниот договор за приватниот сектор од 2015 година и изнесува минимум 9.610 денари. Регресот за годишен одмор им следува на сите вработени кои работеле најмалку шест месеци во календарската година што изминува, а доколку не се исплати работодавачите може да добијат парична или затворска казна.

Важно за вработените, е дека работодавачот во зависност од економско-финансиската состојба во медиумот може да утврди пониска сум за исплата на регресот за годишен одмор, но тоа не може да го стори без претходно да се консултира и да добие согласност од синдикатот на ниво на гранка. Во медиумите каде што нема синдикална организација согласност се бара од претставник избран од работниците, што често се злоупотребува за избегнување на оваа обврска.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници има информации дека дел од медиумите во Македонија сѐ уште не го исплатиле регресот за годишен одмор и затоа апелира до новинарите и медиумските работници да се информираат со случувањата во врска со регресот за годишен одмор во нивната фирма и во случај да наидат на проблеми да го контактираат синдикатот за помош.

Останати
објави

Сподели на...