Со неверување ја примивме веста за прераното заминување на Горан Гаврилов, сопственикот на еден од првите прватни медиуми кај нас, радио-мрежата „Канал 77“ и основачот на Асоцијацијата на приватните и електронски медиуми на Македонија. Неговиот придонес во создавањето на македонскиот медиумски плурализам е немерлив. Неговото заминување е ненадоместлива загуба, првенствено за семејството, за целата македонска јавност, но за севкупниот медиумски простор. Загубивме човек што даде многу во развојот на медиумската култура, но кој можеше да даде уште повеќе и пред кого стоеа сериозни и важни проекти. На нас е, онака колку што сме во можност, да го продолжиме неговото дело.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува најдлабоко и најискрено сочувство на семесјтвото на нашиот колега.