Проект „Зад насловите“

Датум

ССНМ аплицираше на повикот за субгрантирање од страна на Здружението на новинарите на Македонија во рамките на проектот „ Новинарска мрежа за независни медиуми во Македонија“ во висина од 5 000 евра во период од 12 месеци.

Грантот е добиен за  проектот „Зад насловите“ што   преку серија текстови и дебати  ќе ги лоцира и изнесе во професионалната, но и поширока јавност,  клучните проблеми кои ја обременуваат професијата, методи и начини преку кои се гуши слободата на изразување и воедно да понуди можни решенија.

Со овој проект практично јавноста ќе има можност да стекне вистинска, реална слика и сведоштво кое  стои зад насловите и штурите информации за отпуштања, затворања на медиуми, или декларативните повици за слобода на професијата.

Преку аналитички текстови и дебати што ќе ги следат на теми кои се од витално значење за професијата  ќе се даде можност за јакнење на новинарската солидарност но и за размена на мислења и  подобрување на дијалогот меѓу самите новинари од една и јавноста од друга страна

Останати
објави

Сподели на...