Протокол за користење на правна помош за членовите на ССНМ

Датум

Според член 3 од правилникот за правна помош, правната помош во областа на работните спорови ги опфаќа следниве случаи: неоснован и незаконски престанок на договорот за вработување, неисплатени плати и придонеси, неисплатени хонорари на новинарите кои се ангажирани со договор на дело и други бесплатни правни совети во областа на трудовото право (целиот правилник прочитајте го ТУКА)

Со оглед на зголемениот број на членови на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, а и нивната се позачестена потреба од правна помош, ве информираме за продолжение на праксата за бесплатна правна помош.

Адвокатскиот тим кој работи со странки – членови на ССНМ е составен од адвокатот Горан Андревски во чија канцеларија на располагање ни е и адвокатката Јана Спиридоновска.

Ве известуваме дека правна помош, совети и консултации при кршење на работничките права на новинарите и медиумските работници се добива на следниов начин:

  • Членство од најмалку три месеци и уредно подмирување на својата статутарна обврска за плаќање членарина.
  • Со пријавување на случајот во ССНМ на следнава емаил адреса: ssnm.info@gmail.com
  • Најдоцна за 72 часа ќе добиете одговор дека барањето е примено и термин за консултации со вработените на ССНМ
  • Телефонска или консултација во канцеларијата на ССНМ, по која новинарот или медиумскиот работник се упатува кај адвокатот

Почитување на постапките од овој протокол е од голема важност со цел да се превенираат можни злоупотреби при користење на бесплатната правна помош, но и за подобар и побрз пристап до истата за членовите на ССНМ.

Останати
објави

Сподели на...