Реакција на ССНМ,МИМ,СЕММ и ИКС

Датум

Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) категорично ги осудуваат  упатените закани кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани.

За нас е целосно неприфатливо да се спречува слободата на изразување и професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од какви било притисоци и уцени. Упатувањето закани кон новинарите истовремено е атак врз демократијата и ограничување на можноста јавноста да има пристап до информации и идеи од различен вид.

Ги повикуваме надлежните институции навремено да реагираат и да ги преземат неопходните мерки за да се расчисти случајот и да се спречи повторување на ваквите инциденти. Потсетуваме дека државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слободата на изразување.

 

Останати
објави

Сподели на...