Синдикално право е основно човеково право

Датум

Правото на синдикално организирање е основно човеково право гарантирано со Универзалната декларација на Обеднитетите Нации усвоена во 1948 година.
Искуството покажува дека вниманието на новинарите и медиумските експерти и сите други кои се занимаваат со слободата на медиумите обично на 10 декември – Денот на кој се одбележува Универзалната декларација за човекови права го цитираат Член 19 кој вели:
„Секој има право на слобода на мислење и изразување. Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите и без оглед на границите“.
Меѓутоа често оние кои гласно се залагаат за слободата на медиумите за медиумите зборуваат и пишуваат како да е некоја апстрактна креации. Се игнорира фактот дека медиумите се компании кои функционираат врз основа на економски принципи и дека нив ги создаваат – работници кои со тоа обезбедуваат живот за себе и своето семејство.
Затоа ССНМ потсетува и на еднакво важните членови од Декларацијата кои гарантираат права на социјалната сигурност и синдикално организирање:
Член 22.
Секој, како член на општеството, има право на социјана сигурност и има право да ги остварува своите економски, социјални и културни права, неделиви од неговото достоинство и слободниот развој на неговата личност, и тоа преку национални напори и меѓународна соработка и во согласност со поредокот и потенцијалите на секоја држава.

Член 23.
1. Секој има право на работа, слободен избор на работно место, праведни и поволни услови за работа и заштита од невработеност.
2. Секој, без каква и да е дискриминација, има право на еднаква плата за иста работа.
3. Секој кој работи има право на праведен и соодветен надоместок што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди достоинствен живот, а кој надоместок ќе биде надополнет, до колку е неопходно, со други средства на социјална заштита.
4. Секој има право да основа и да се зачленува во синдикати заради заштита на неговите интереси.

Член 24.
Секој има право на одмор и слободно време, вклучувајќи ги тука и разумното ограничување на работното време и правото на повремен платен одмор.

Останати
објави

Сподели на...