ССНМ бара Владата да обезбеди заштитна опрема за редакциите

Датум

Земајќи го предвид фактот дека новинарската професија после медицинскиот персонал е една од најистурените професии во борбата против ширењето на коронавирусот, а со оглед на недостатокот од заштитна опрема во аптеките и продавниците, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници бара од Кризниот штаб при владата да изнајде начин за обезбедување на соодветни количини заштитна опрема (гел за дезинфекција, ракавици и маски) за редакциите.

Истовремено, ССНМ ги повикува сопственциите на медиумите секој во рамките на своите можности да ја органзиира работата во редакциите на најефикасен можен начин во насока на обезбедување барем минимална заштита на своите вработени.

Новинарите и медиумските работници се важна алка во борбата против коронавирусот. Тие извршуваат задачи и работа од јавен интерес без која не може да се замисли процесот на искоренување на вирусот во Македонија. Затоа нивната заштита е и треба да биде еден од приоритетите во општеството.

Останати
објави

Сподели на...