Високата претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите г-ѓа Тереза Рибеиро се сретна со новинарските организации

Датум

Во рамки на официјалната посета на Високата претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите г-ѓа Тереза Рибеиро се сретна со претставници на медиумските и новинарските организации. 

На работната средба од претставниците на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) , Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), и Македонскиот институт на медиуми (МИМ) беше укажано дека иако атмосферата во медиумскиот сектор е генерално подобрена, отсуствуваат суштински медиумски реформи, меѓу кои клучни се безбедноста на новинарите, измените на Кривичниот законик и неизборот на членовите на управните органи во Агенцијата за медиуми и МРТ. 

Павле Беловски, претседателот на ССНМ  истакна дека нашите активности се опширни и сеопфатни, дека Синдикатот на новинари и медиумски работници ги следи сите законски измени со фокус на слободата на изразување и работничките права. 

„Процентот на членови од вкупниот број медиумсми работници е помал од 15 проценти. Нашите сознанија се дека новинарите и медиумските работници сеуште се обесхрабрени и исплашени да се зачленуваат во синдикатот. Ова се должи на долгата пракса на суптилно заплашување на вработените да си ги бараат своите загарантирани права. Понатаму во контекст на условите за работа сакаме да нотираме дека медиумските работници работат во сулови на прекаријат. Законот за работни односи свесно се крши или се избегнува негово почитување. Затоа бараме и очекуваме поголема ажурност на инспекциските служби“ рече Беловски. 

На средбата тој потенцираше и дека како најголем проблем кои со години се зголемува, а го поткрепуваме со  податоците од нашите истражувања се ниските плати. 

„Над 60 проценти од сите врбаотени во индустријата земаат плата понисика од просечната плата во земјава. Идентичен е и процентот на оние кои скаат да ја напуштат нашата професија. Овој податок се темели на сознанијата дека вработените чуствуваат несигурност на работните места. Вработените се држат на времени договори за вработување. Долг е списокот на проблеми но решенијата со кои можат да се надминат се едноставни. Синдикатот како единствена опција за надминување на лошата состојба на вработените ја гледа во потпишувањето на колективни договори. За да успемее да ја уредуваме нашата прфоесија и да ги заштитиме вработените потребна ни е поддршка од сите чинители“ – додаде Беловски. 

Драган Секуловски,директор на ЗНМ, укажа на зголемениот број на случаи на клевета кон новинари, a oд страна на Билјана Петковска, директорка на МИМ на средбата беше потенцирано дека минатата година започна  процесот за воведување на медиумската писменост во основното образование, но дека не постои политичка волја кај партиите за спроведување на системските реформи во медиумскиот простор.

Останати
објави

Сподели на...