ССНМ, ЗНМ и СЕММ апелираат за помош за ТВ Вис

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Здружението на новинари и Советот за етика во медиумите во Македонија со голема загриженост ја примија веста за опожарување на просториите на регионалната телевизија Канал Вис од Струмица.

Трите организации упатуваат заеднички апел до локалната самоуправа, државни институции, стопански субјекти, поединци да помогнат во рамките на своите можности за што побрзо враќање на телевизијата во етер. Локалните и регионалните медиуми во Македонија имаат посебно значење, бидејќи тие обработуваат теми од локален карактер кои се од јавен интерес. Без овие локални медиуми граѓаните остануваат лишени од важни информации кои се значајни за нивното секојдневно функционирање. Во кризни ситуации како оваа во која се наоѓа државата во моментов, важноста на локалните медиуми е уште повеќе изразена.

Се надеваме дека колегите од ТВ Канал Вис наскоро ќе се вратат на своите работни задачи и за почеток телевизијата ќе може да ја извршува барем својата информативна функција.

 

 

Останати
објави

Сподели на...