ССНМ: Напад врз новинар е напад врз слободата на изразување и напад врз демократијата

Датум

Најостро го осудуваме физичкиот напад врз новинарот Павле Беловски од ТВ Телма, кој без никаква причина беше жртва на физичко насилство пред седиштетото на МВР.

Во овој случај сакаме да ја потсетиме јавноста дека станува збор за шести напад врз новинар на место на настан од 2015 година до сега.

Ја поздравуваме брзата реакција на припадниците на МВР кои го привеле напаѓачот, но во истовреме искажуваме крајно незадоволство од бавната реакција на надлежните институции кои во крајна инстанца не ги решаваат овие случаи ниту брзо, ниту задоволително во поглед на правдата.

Јавноста знае, а институциите треба да се свесни дека физички или друг тип на загрозување на новинар, особено на работна задача е напад врз слободата на информирање и во крајна линија напад врз демократското уредување на државата.

Од тие причини ги повикуваме повторно надлежните, веднаш да го расчистат овој случај, да ги разјаснат мотивите за нападот и на тој начин да испратат јасна порака дека нападите врз новинарите нема да се толерираат.

Фото: Телма.мк

Останати
објави

Сподели на...