Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја подржа кампањата за нов обврзувачки меѓународен инструмент посветен на безбедноста на новинарите .
Кампањата официјално започна на четврти октомври, на 51-та седница на Советот за човекови права на ООН во Женева.
Меѓународната конвенција за безбедност и независност на новинарите и другите медиумски професионалци беше развиена како одговор на неуспехот на постоечките меѓународни одговори за справување со неказнивоста и растечките закани за новинарите и медиумите ширум светот.
Инаку, повикот за нова Конвенција на ООН за зајакнување на безбедноста, заштитата и независноста на медиумските работници беше поддржан од новинари и медиумски синдикати, здруженија, претставници на медиумите и невладини организации ширум светот.