ССНМ субгрантист на МИМ

Датум

ССНМ аплицираше на повикот за субгрантирање од страна на Македонскиот институ за медиуми за проектот фокусиран на „Јакнење на синдикализмот во медиумската индустрија“ во висина од 10 000 евра во период од 12 месеци.

Проектот има за цел да обезбеди ефикасна правна и колективна заштита на новинарите и медиумските работници, да едуцира и да го засили активизмот во одбрана на професионалните и работни права на новинарите и медиумските работници, да оспособи медиумски професионалци успешно да преговараат и да ги застапуваат и промовираат вредностите и интересите на професијата и да го зајакнат присуството на прашањето за работните и професионални права во медиумската индустрија како предуслов за професионално новинарство со интегритет во јавниот дискурс.

Ве повикуваме да ги пријавите измените во вашите податоци (промена на медиум, работен статус и слично), а не е исклучено да бидете контактирани од страна на ССНМ за проверка на ажурноста на податоците.

Со добиените средства ќе биде овозможена  континуирана правна помош за членовите за намалување на случаи во кои се повредени работните права на медиумските работници. Тоа подразбира: застапување на суд, консултации, правна помош при спор со работодавачот (мобинг, казнување и сл). Членовите ќе ја користат можноста за брзо добивање правни совети, појаснување на процедурите кои често се обременети со комплицирани правни терминологии и форми, со што ќе се спречи да носат одлуки кои ги засегаат нивните професионални и работни права кои негативно влијаат на нивниот статус. На пример: иако е веќе намалена се уште постои пракса работниците доброволно да потпишуваат спогодбени откази, не знаејќи ги правата кои ги губат со таквата постапка.

Предвидено е и информирање на членовите за активностите на ССНМ преку, Информатор , мејл комуникација, ажурирање на страната на ССНМ(македонски и англиски) за случувањата од областа на работно право, мобинг, заштита на авторски права, вести од Меѓународната и Европската федерација на новинарите.

Изработка и ажурирање на дата база на членови (секој член со свој профил кој опфаќа лични податоци (име и презиме, место, дата на раѓање), тип и медиум во кој работи (онлајн, печатен, телевизија, радио), тип на работен договор, професионална позиција, стручна подготовка. Во таа смисла ве повикуваме да ги пријавите измените во вашите податоци (промена на медиум, работен статус и слично), а не е исклучено да бидете контактирани од страна на ССНМ за проверка на ажурноста на податоците.

Добиениот проект  ќе овозможи и истражување на застапеноста на синдикални теми во медиумите. Истражувањето треба да утврди  квантитативна и квалитативна застапеност на темата  Ќе се спроведе мониторинг на најмалку 6 медиума во период од 30 дена. Целта е да се добие општ увид во информирањето и третирањето на темите од работните права. На тој начин ќе се информира јавноста за потребата од квалитетно новинарско следење на оваа проблематика. Податоците од истражувањето ќе бидат презентирани на прес конференција.

Останати
објави

Сподели на...