Осуда за вицепремиерот Пешевски

Датум

Работнички-протест-за-први-Мај-10Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го осудува обидот за физичка пресметка на вицепремиерот Владимир Пешевски со Саше Ивановски, во моментот кога тој се обидувал да го снима и да му поставува провокативни прашања.
Сметаме дека без оглед на провокацијата, носител на висока државна функција, не смее да си дозволи напад врз некој што прашува, независно дали тоа е обичен граѓанин или некој што се претставува како новинар.
Поради тоа сметаме дека Пешевски треба да биде повикан на одговорност и во најмала рака да поднесе оставка.
ССНМ се приклучува на реакциите на згрозеност на медиумската заедница од постапката на Пешевски кои произлегуваат од долгогодишната фрустрација на новинарите кои соочени со „тематски“ прес конференции, игнорирање и етикетирање , се оневозможени да ја извршуваат својата работа професионално и одговорно. Секој обид да се постават прашања, да се добие одговор со години наназад завршуваат со молк, реперкусии врз новинарот кој се осмелил да ги постави кои се движат од деградирање до отпуштање, од една и наградување и етаблирање на послушници, квази новинари и пропагандисти од друга страна, со што професијата која е столб на демократијата е доведена до раб на изумирање, претворајќи се во сопствена карикатура.

Останати
објави

Сподели на...