Поддршка на ЗНМ за Божиновски

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ),  Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) јавно и недвосмислено го поддржуваат Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во напорите да обезбеди фер и правично судење за Зоран Божиновски.

Правниот систем во Македонија не смее да се користи за политичка одмазда и за пресметка со неистомислениците. Правото на фер судење е базично човеково право и државата треба да го обезбеди тоа право за сите граѓани на Република Македонија.

Затоа, се приклучуваме кон утрешниот протест пред Основниот суд во Скопје во 10 часот каде што е закажано првото рочиште против Божиновски

Останати
објави

Сподели на...