ССНМ со помош на Меѓународната федерација на новинари обезбеди симболична помош за новинарските екипи кои покриваат ризични настани во вид на заштитни качкети, со штитници во внатрешноста и со видлива ознака ПРЕС. Поради ограничениот број секој медиум каде имаме активни членови преку синдикалниот претставник или главниот и одговорен уредник ќе добие по два качкета за новинарот и фоторепортерот/снимателот.
