АКЦИЈА:Имаме право на одговори!

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници(ССНМ) како Потписник на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права и заедно со повеќе здруженија на граѓани и поединци на 6 февруари, в петок, во 11 часот, организира групна посета на Министерството за труд и социјална работа каде хонорарните работници ќе ги побараат одговорите околу новите давачки.

Оваа акција е директна последица на незадоволството кај одредена група работници во Македонија, чиј и така нерегулиран работен однос, дополнително се оптоварува со новите законски измени. Измените се однесуваат на сите хонорари што ја надминуваат минималната плата во износ од 9 550 денари, а оптоварувањето е дополнето со 35 отсто од сумата.

Соочени со игнорирањето на надлежните на предупредувањата и реакциите од законските измени, а особено од нејаснотиите околу нивното спроведување ССНМ ги повикува сите хонорарци во медиумите на денот на акцијата да поднесат барање за информација од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и по легален и легитимен пат да да ги добијат одговорите на прашањата што директно ги засегаат.

Образецот на барањето за пристап можете да го симнете ТУКА, а некои од прашањата кои можете да ги поставите се:

  • Дали можам да потпишам договор за дело со повеќе од 40 саатна работна недела?
  • Што МТСП ќе направи да спречи директна дискриминација на луѓето кои работат само врз основа на хонорарен ангажман и заради тоа ги немаат правата од ЗРО?
  • Во Законот за спречување мобинг нема одредба која ги штити авторите и договорите на дело. Каде да се жалам во таков случај?
  • Имам ли право како хонорарен соработник да членувам во синдикат и како моето членство ќе се регистрира со оглед на тоа што немам еден работодавач?
  • Дали заради авоторски договор од два дена ќе бидам одјавен од Агенцијата за вработување и кога повторно ќе можам да се пријава?
  • Дали има ослободување на авторски хонорар за матерјални трошоци (има 30%) и КАКО тоа да се евидентира?
  • Ако хонорарот ми изнесува 10.000 и тоа ми е единствен приход, дали треба да платам придонеси со оглед на тоа што во тој случај хонорарот ќе ми биде под минималната плата?

Останати
објави

Сподели на...