ССНМ со загриженост ги следи информациите за затворање и борба за економски опстанок на медиуми што директно се рефлектира со губење на работатa на голем број наши колеги. Свесни сме дека во нерегулиран пазар на кој медиумите преживуваат благодарение на владини реклами и поддршка, речиси и да е невозможно да се опстане со независна уредувачка политика, но апелираме до менаџментот на медиумите кои се соочуваат со економски тешкотии да сторат се да го ублажат ударот врз вработените. Во таа смисла бараме да се почитуваат формалните, но и неформалните обврски кон новинарите и медиумските работници: да им се исплатат неисплатените хонорари на хонорарците, а на вработените да им се даде можност преку отказ од деловни причини да можат да добијат компензација согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кој што овозможува паричен надомест во неколкумесечен период, во зависност од стажот на работникот. Станува збор за нормални и легални процедури за кои е потребен минимален административен ангажман што луѓето што веруваа и го градеа имиџот на медиумот апсолутно го заслужуваат. Воедно, на колегите кои се соочуваат со губење на работата им советуваме никако да не потпишуваат спогодбен отказ бидејќи со тоа ја губат можноста за паричен надомест што законски им следува.
- +389 77 723 574 | +389 2 2671 201
- ssnm.info@gmail.com
- бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 58-Б, Скопје