Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Павле Беловски со видео-порака до колегите од медиумскиот сектор по повод одбележувањето на 1 мај – Меѓународниот ден на трудот.
Социо-економска несигурност, кршење на работничките права, плати под државниот просек. Се пребројавме и неволно констатираме дека новинарите го напуштаат новинарството. Откази во од, и празни академски клупи без иднина за професијата. Затоа Ви се обраќам Вам, нешто над три илјади медиумски работници.
Се обидовме да Ве посетиме, разговараме и да го прибележиме секој проблем. Списокот не го собира во една чанта, но затоа битката е една, позната, вечна и ќе изискува. Како никогаш до сега потребно е да се обединиме, за работникот, за неговите проблеми и за иднината на нашата професија. Во име на ССНМ давам ветување дека Вашиот глас ќе говори, Вашите проблеми, ќе бидат и наши проблеми. А Вашата победа ќе биде победа за сите нас.
За медиумскиот работник, кој на 1 мај не се колеба и плаши. Се потсетуваме на 150-годишната синдикална борба. Кој мисли дека ќе згасне вековита борба, напротив ја пали искрата на отпорот. Се бориме со прекаријатот и победуваме, на неправдите ќе се спротивставиме и со новиот технолошки непријател кој ни ги напаѓа работните места. Затоа, работници во новинарството, денеска потсетете се, од утре подгответе се. ССНМ е зад Вас и одиме кон закони кои нам ни одговараат и колективни договори кои нам ни требаат. Само финансиски независен, социјално сигурен и синдикално здружен, медиумскиот работник може да работи слободно и среќно.
Нека ни е честит 1 мај – Денот на трудот.
извори на слики
- Павле Беловски: Фото: „Слободен печат“/Мете Здравев