Наградите „Гласови“ се враќаат за второто издание на Voices Festival – новиот патувачки настан ко-финансиран од Европската Комисија кој има за цел да ги презентира новинарството и медиумската писменост во Европа. Бесплатната регистрација е веќе отворена за новото издание кое ќе се одржи во Загреб, Хрватска од 25 февруари до 1 март 2025 година.
Наградите имаат за цел да ја препознаат работата на новинарите која најдобро ги изразува вредностите и целите на фестивалот „Гласови“, и тоа со конкурс кој ги наградува иновативните идеи и двигателите на промени во новинарството. Секој добитник ќе добие парична награда од 1.000 евра.
Во областа новинарство наградите се класифицирани во следните категории:
- Растечки: иновативна и етичка употреба на вештачката интелегенција во новинарството
- Влијание: прекугранично истражувачко известување
- Локална отпорност: локално известување за европските заедници
- Забележителни млади: новинари помлади од 30 години што ветуваат
- Таленти што доаѓаат: Најдобар новинарски производ за климатски промени
Пријави за наградите „Гласови“ може да бидат испратени од апликанти кои легално престојуваат или се регистрирани во 27-те земји членки на ЕУ, земјите кандидати и потенцијални кандидати: Украина, Молдавија, Грузија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција.
Повеќе информации за критериумите за селекција на следниот линк.
Рок за аплицирање: 15 октомври 2024, 23:59 часот