Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМР) укажува на високиот процент таканаречени „неформални вработувања“ односно „хонорарен ангажман“ во македонските медиуми и на потребата на оваа појава да и се застане на пат.
Примерот на голем број наши колеги кои поради стечајната постапка во “ТВ А1”, “Време”, “Шпиц” и “****е ре” нема да можат да ги наплатат своите побарувања затоа што тие биле договорани усно како авторски хонорари е драстичен поради бројот на соработниците и брзината со која тие практично останаа со празни раце.
Бескрупулозната трка по профит на сопствениците, подготвеноста на хонорарците со години да работат не прашувајќи за нивните основни права, како и инцидентната и често селективна активност на државните инсититуции во водедувањето ред, создадоа ситуација која од медиумските работници прави повеќекратни жртви: немаат стаж, социјално и здравствено осигурување,стравуваат за своето работно место поради што стануваат и жртви на директна експоатација и мобинг. Потенцираме дека во случај на било каква правна разврска, како што е тоа со медиумите на „Перо Наков“, хонорарните работници немаат никаква законска можност за обештетување.
ССНМР нема да молчи за оваа појава во медимската сфера, ниту да толерира бескрупулозни работодавачи кои со застрашување, со уцени и мобинг држат како заложници наши колеги .
На власта и законодавците им посочуваме дека Македонија како земја аспирант за членство во ЕУ треба да ги следи европските земји во кои започна признавањето на основните права и на таканаречените „неформални работници“ односно правото на отказен рок, отпремнина и основно социјално осигурување.
Скопје 09.08.1