ИФЈ: Рамноправноста се смета за луксуз

Датум

Советот за родова рамноправност при Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) по повод Меѓународниот ден на жената 8 март, алармира на загрижувачко високо ниво на дискриминација и насилство врз жените во медиумите низ светот. Повикувајќи се на извештајот на Глобалниот проект за медиумски мониторинг спроведен во 114 земји Меѓународната федерација на новинари констатира дека состојбата со правата на жените во медиумите стагнира и е на ниво како во 2010 година.
„Стигнавме до точка во која движењето и промената не постојат“ пишува во извештајот. Во многу земји насилството, застрашувањето и малтретирањето прдолжуваат да ја следат положбата на жените во медиумите. Тие се жртви на отворен сексизам и дискриминација во редакциите“.
„ Враќањето кон старите лоши денови во кои рамноправноста се смета за луксуз претставува опасен тренд што ќе ги принуди најранливите да ја напуштат професијата или водечките позиции во здруженијата и синдикатите дополнително замолкнувајќи ги нашите гласови “ изјави, меѓу другото во своето обраќање, претседателот на Меѓународната федерација на новинари Џим Боумела.
ИФЈ ги повикува медиумските компании да го зголемат бројот на жени новинари во редакциите и на раководните работни места. Ги охрабрува и своите членки да продолжат да промовираат еднаквост во сопствените организации и да бараат еднаква застапеност и им препорачува да ја водат битката против застрашување, малтертирање и насилство врз жените новинари.

Употребете го логото на ИФЈ за поддржување на еднаквост и испратете ги на Твитер вашите пораки за солидарност со жените новинари на 8 Март #IFJVAW.

Останати
објави

Сподели на...