Крводарителска акција по повод 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите

Датум

На 30 април 2025 година во терминот од 08:00 до 14:00 часот на неколку локации низ земјава ќе може да се дарува драгоцената течност која спасува животи

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници Ве поканува на крводарителска акција со која ќе го одбележиме 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. Акцијата во која голем број колеги ќе ја потврдат хуманоста ќе се одвива координирано на неколку локации во земјава.

На 30 април 2025 во терминот од 08:00 до 14:00 часот драгоцената течност која спасува животи ќе може да се дарува во Скопје во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО „Даре Џамбаз“). Во исто време во просториите на службите за трансфузиона медицина во Клиничкиот центар Битола, во Општата болница во Струмица, ЈЗУ Општа болница Прилеп и во Клиничкиот центар во Штип крв ќе може да се дарува од 09:00 до 14:00 часот.

Крводарителската акција, која ја организираме трета година по ред, се одржува во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и со поддршка на Црвен крст на град Скопје. Со цел ефикасно организирање на оваа солидарна акција Ве молиме да се пријавите на е-пошта.

Изјавите по повод одбележување на 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите на претседателот на ССНМ Павле Беловски, на претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски и на секретарот на Црвениот крст на град Скопје Сузана Тунева Пауновска се предвидени за терминот од 10:00 часот во просториите на центарот „Даре Џамбаз“ во Скопје (ул. „11 Октомври“ бр. 42).

Останати
објави

Сподели на...