Mасакрот врз новинарите на „Шарли Ебдо“ е варварски акт

Датум

Самостојsarlниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразува шокираност и згрозеност од денешниот дивјачки напад во редакцијата на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ во кој загинаа дванаесет лица од кои десет се новинари.
Овој масакр е доказ дека новинарите, слободната мисла и слободата на медиумите се под сериозна животна закана секаде во светот.
ССНМ ја дели оцената на Европската федерација на новинари (ЕФН) која масакрот веќе го нарече варварски акт на насилство против новинарството и против слободата на медиумите. ЕФН утре во 11 часот во Меѓународниот прес-центар организира една минута молк во знак на почит за убиените новинари. ССНМ ги повикува македонските колеги да се придружат кон ова оддавање на почит каде и да се во моментот.

Останати
објави

Сподели на...