МВР да ги обезбеди новинарските екипи

Датум

Синдикатот на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ) апелира до Министерството за внатрешни работи  да стори сè да им овозможи на новинарските екипи кои известуваат од случувањата во скопската населба Радишани непречено да ја извршуваат својата работна задача.

Потсетуваме дека новинарите, снимателите и фоторепортерите се во функција на  јавноста и обезбедувањето на нивното работење  е  обврска што  МВР ја има кон граѓаните

Воедно, ССНМ потсетува  дека  професионалното информирање е  работна обврска на новинарите  поради што  апелираме  да не се  објавуваат шпекулации туку  само  точни, проверени и вистинити информации  во согласност со професионалните стандарди.

Останати
објави

Сподели на...