Оглас за лобисти на ССНМ

Датум

cropped-logo-top1.png

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, во рамките на проектот „Работнички права на медиумските работници“ како дел од  CSSF програмата на Британската амбасада во Скопје, чија цел е јакнење на капацитетите на Синдикатот во правец на заштита на работничките права на медиумските работници преку креирање на мрежа на лобисти, има потреба од:

  • еден локален експерт за лобирање за учество во развивање на модул за обука на синдикални лобисти и учество во изработка на Стратегија за лобирање.

Кандидатите треба да имаат искуство во сферата на лобирање,  познавање на медиумските состојби во Македонија и работа со медиуми.

 

  • 20 волонтери, активисти и потенцијални членови на ССНМ, за учество во обука во рамките на проектот. Можноста е отворена за сите членови и потенцијални членови на Синдикатот кои сакаат да партиципират во работата и јакнењето на капацитетите на Синдикатот. Ангажманот вклучува посетување обука за лобирање со меѓународни и домашни експерти во траење од пет дена и проверка и примена на стекнатите вештини во период од 12 месеци. Обуката е бесплатна и дава можност за стекнување на меѓународен сертификат за идни синдикални лобисти.

Кандидатите треба да бидат медиумски работници (новинари, фотографи, сниматели, техничари, итн.) кои имаат познавања или се дел од македонската медиумска сфера подготвени за тимска работа и промовирање и поддршка на политиките на ССНМ.

Ги покануваме сите заинтересирани да испратат лична биографија на следната е-мејл адреса: ssnm.info@gmail.com. Рокот за пријавување е до 29.05.2015 година. Ве молиме без телефонски јавувања.

 

 

 

Останати
објави

Сподели на...