Опстанокот на квалитетните медиуми е гаранција за точна и правовремена информација

Датум

ССНМ сѐ уште го разгледува предлгот на Владата и ќе се вклучи во јавната дебата. Слободата на говорот и работењето на медиумите во слободно опкружување и без притисоци мораат да бидат загарантирани во секој случај и при спроведување на каквa било акциска борба против лажните вести и дезинформациите.. Имено, прашањето на лажните вести не е само политичко прашање и прашање на демократскиот капацитет на една земја, туку првенствено е прашање на медиумската писменост. Медиумската писменост зависи од квалитетот на медиумите, односно квалитетот на новинарските и уредничките кадри. Најавеното пропагандистичко-нормативно санкционирање на лажните вести не е гаранција за успешно справување со нив. Конечно, и многу поразвиени земји од нашата не успеале премногу во оваа битка. Значи, неопходни се суштински реформи во медиумската сфера, со кои ќе се обезбеди опстанокот на квалитетните медиуми, кои ќе бидат гаранција за точна и правовремена информација.

Останати
објави

Сподели на...