Осуда за нападот на екипата на ТВ 24

Датум

ССНМ го осудува денешниот напад  врз екипата на ТВ 24 вести. Овој инцидент  е само последен во низа напади врз новинарските екипи кои го рефлектираат вкупниот амбиент во кој што работиме  како и статусот на професијата на која и припаѓаме. Неказнувањето на напаѓачите на новинарските екипи има огромно,негативно влијание на слободата на медиумите и слободата на говорот и затоа ССНМ апелира до полицијата да стори се да ги пронајде и санкционира извршителите
Фактот што до нападот доаѓа токму на 23 ноември – Денот во кој ССНМ како членка на Меѓународната федерација на новинари им се придружи на своите колеги во светот испраќајќи писмо до генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун  во кое се бара од Светската организација да се заложи во санкционирањето на извршителите на насилства врз новинарите, говори дека,  за жал, и во нашата земја  е тешко и опасно да се биде новинар.

Останати
објави

Сподели на...