• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

НЕ за неутрална зона околу Собранието

  Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), потписниците на Повелбата за солидарност, во врска со „Извештајот на Комисијата за испитување на настаните во Собранието на РМ од 24.12.2012 година“до Претседателот на Републиката и Претседателот на Собранието на Република Македонија…

Повеќе

Разговори со менаџментот на ТВ АЛФА

Претседателот и потпреттедателот на ССНМ Тамара Чаусидис и Драган Антоновски денеска имаа средба со менаџментот на ТВ АЛФА управителката Симонида Кажиќ и извршниот директор Љупчо Николовски. Непосреден повод за средбата беа неодамнешните отпуштања на двајца новинари членови на ССНМ во оваа телевизија. На средбата е договорено дека синдикалниот претставник во ТВ АЛФА во иднина ќе биде информиран и вклучен…

Повеќе

Закони за контрола на медиумите

ССНМ  констатира дека со вчерашното усвојување на амандманот на ВМРО и ДУИ за проширување на ингеренциите на Агенцијата за медиуми  за набљудување на работата  и на  печатените и интернет медиуми конечно е разоткриена вистинската намера на инсистирањето за носењето на медиумските закони. Тие ниту се барање од европската унија, како што впрочем и соопшти делегацијата на ЕК во Македонија,…

Повеќе

Протест

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници најостро протестира за постапката на грчките гранични органи кои не и дозволија влез во Грција на нашата колешка, новинарка и уредничка во дневниот весник „Дневник“ Ивана Костовска. Сметаме дека станува збор за скандалозна демонстрација на непочитување на правото за слободно движење, како и на слободата на медиумите од страна на…

Повеќе

По повод 8 март

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници по повод Меѓународниот ден на жената 8 март алармира за лошата позиција на жените во медиумската индустрија. Високото ниво на стрес, заплашување, потценување или игнорирање на нивната работа , неприфатливо оптоварување со работа и работно време што оневозможува приватен живот, вработување на одредено време или статус на хонорарки се речиси правило,…

Повеќе

Апел до менаџерите, совет до колегите

ССНМ со загриженост ги следи информациите за затворање и борба за економски опстанок на медиуми што директно се рефлектира со губење на работатa на голем број наши колеги. Свесни сме дека во нерегулиран пазар на кој медиумите преживуваат благодарение на владини реклами и поддршка, речиси и да е невозможно да се опстане со независна уредувачка политика, но апелираме до менаџментот…

Повеќе

Одговорот на МВР е циничен

Одговорот на МВР за инцидентот во Собранието е израз на цинична ароганција која е постојано присутна во дијалогот на институциите со новинарите . На дело е операција за релативизирање на инцидентот. Впрочем со таа цел е и одговорот на МВР – не станува збор за употреба или неупотреба на прекумерна сила, туку за постапка во која новинарите биле отстранети…

Повеќе

НЕ за насилието врз новинарите

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници бара итно да им се овозможи непречен пристап на колегите во Собранието за да можат да ги извршуваат своите професионални задачи. Затворање на собраниска седница и насилно исфрлање од страна на полицијата и обезбедувањето на новинарските екипи од вообичаените просториите од каде се следат седниците на парламентот значи нивно попречување на…

Повеќе

Осуда за нападот на екипата на ТВ 24

ССНМ го осудува денешниот напад  врз екипата на ТВ 24 вести. Овој инцидент  е само последен во низа напади врз новинарските екипи кои го рефлектираат вкупниот амбиент во кој што работиме  како и статусот на професијата на која и припаѓаме. Неказнувањето на напаѓачите на новинарските екипи има огромно,негативно влијание на слободата на медиумите и слободата на говорот и…

Повеќе

Поддршка на Маршот на толеранцијата

   Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници по повод  Меѓународниот ден на толеранцијата 16 ноември потсетува на фактот дека демократскиот капацитет на едно општество се мери со степенот на толеранција  на различностите и дека улогата на новинарите е  да ја поттикнуваат и негуваат.  Воедно, ССНМ и годинава, како и сите претходни години, го поддржува…

Повеќе
Scroll Up