По повод 1 мај!

Датум

Доста е за платите во плик, за скратените годишни одмори, за бланко договорите, за неплатениот стаж, неисплатените дневници, бонови наместо пари. Доста е за економската зависност и притисоците кои не понижуваат со години. Оној кој е социјално обесправен, оној кој е во подредена положба, оној кој е уценет со мизерна плата за опстанок – тој не е слободен!
Колеги, правата не треба да ги бараме само на 1 Мај, туку цела година. Само заедно можеме против плаќањето на рака, неплатената прекувремена работа, отказите преку ноќ. Само заедно можеме да ги смениме бедните услови во кои работиме! Само заедно сме силни!

Да се обединиме! Придружи ни се! Време е!

Останати
објави

Сподели на...