Поддршка на Маршот на толеранцијата

  

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници по повод  Меѓународниот ден на толеранцијата 16 ноември потсетува на фактот дека демократскиот капацитет на едно општество се мери со степенот на толеранција  на различностите и дека улогата на новинарите е  да ја поттикнуваат и негуваат.

 Воедно, ССНМ и годинава, како и сите претходни години, го поддржува Маршот на толеранцијата што се одржува во Скопје на 17 ноември. Само почитувањето на правилата на професијата, кои ни наложуваат борба против дискриминација врз основа на раса, пол, сексуална ориентација, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, ни дава право да бидеме дел од глобалната медиумска заедница. Затоа ги повикуваме нашите членови да се приклучат на искажувањето поддршка на Маршот, зад кој стои идејата за општество ослободено од дискриминација од каков и да е вид и во кое почитувањето на човековите права е приоритет.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn