Потсетување за работодавачите

Датум

  Во пресрет на сезоната на годишни одмори, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги потсетува менаџерите и сопствениците на медиумите  дека правото на  платен годишен одмор е уставно загарантирано право (член 32 став 4 од Уставот на Република Македонија).

Согласно Законот за работни односи и Колективните договори за јавен и приватен сектор кои важат без исклучок за сите вработени во медиумите тие имаат  право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена. Според Законот годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година .

При тоа ССНМ поучени од искуството на нашите членови има потреба да потсети дека во годишен одмор не се пресметуваат:празниците,саботите и неделите,отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа

Непријавените работници односно „хонорарците“ и други нетипични видови на вработувања не се предвидени во Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа најзагрозена група работници  е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.

Потсетуваме дека Законот за работни односи предвидува прекршочна одговорност на сите работодавачи кои на вработените не им обезбедат годишен одмор во согласност со Законот  и не им издадат решение за годишен одмор кое служи и како доказ пред трудовата инспекција.

Останати
објави

Сподели на...