ПОВИК ЗА НОМИНАЦИИ: „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ 2019

Датум

Тргнувајќи од премисата дека демократско општество кон кое Македонија се стреми е можно само доколку новинарството се третира како јавно добро, како инструмент преку кој власта е под постојана контрола и преку кој се заштитува јавниот интерес, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во 2018 година ја воспостави годишната награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“ која го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец. Медиумите се платформата преку која новинарите и медиумските работници комуницираат со граѓаните и без слободни медиуми кои го разбираат концептот на јавно добро и јавен интерес не е можно остварување на потребното влијание за исполнување на главната функција на новинарството.

Затоа ССНМ ги повикува сите новинари и медиумски работници да номинираат медиум за кој сметаат дека го заслужува ова признание кое сметаме дека ќе биде не само поттик за медиумот, туку и за новинарите и медиумските работници.

Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми: континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање на теми од јавен интерес… како и коректен однос кон вработените – почитување на нивните работнички и професионални права.

Комисијата за избор на добитник на оваа награда номинации ќе прима до 27-ми октомври, а новинарите и медиумските работници номинациите може да ги испраќаат по електронска пошта на ssnm.info@gmail.com или на Фејсбук страната на ССНМ (https://www.facebook.com/Sindikatnanovinari/)

 

Оваа награда ССНМ ја доделува во партнерство со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Медиа дајверзити институтот од Лондон во рамките на проектот  “Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“, поддржан од Европската Унија.

 

Останати
објави

Сподели на...