Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и безбедноста на локалните новинари/ки и медиумски работници“ дел од проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансиски поддржан од Европската Унија, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ и партнерските организации, Иницијативата за европска перспектива – ИЕП, и Европската федерација на новинари – ЕФН, предвидува одржување на две дводневни обуки за новинари и медиумски работници од локалните и регионалните медиуми на тема правата и безбедноста на новинарите и вмрежувањето како начин за акција.
За таа цел се распишува овој јавен повик за доставување на понуди за двајца предавачи, кои ќе имаат задача да подготват соодветна програма за работилницата и да одржат предавање согласно договореното.
Повеќе информации за техничките услови видете тука.
Информации за повикот
Постапка: Отворен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Повикот е отворен за физички лица (самостојно или конзорциум / тим од двајца надворешни соработници/експерти).
Потребни документи
- Професионална биографија, со најмалку три референци
- Изјава (Анекс 1)
- Финансиска понуда (Анекс 2)
- Предлог за програма (теми или наслови на соодветните сесии)
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош)
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (професионална биографија, доказ за резидентност за физичко лице, предлог за програма и пополнети Анекс 1 и Анекс 2) преку електронска пошта на ssnm.info@gmail.com или лично во канцеларијата на ССНМ на адреса бул. Климент Охридски бр. 58б, со назнака „Апликација за работилница Т-АЈМ -0307-023/1-2024-001“.
Крајниот рок за доставување на апликации е 10.05.2024 (петок).
Референтен број: Т-АЈМ -0307-023/1-2024-001. Наслов на проектот: „Зајакнување на интегритетот и безбедноста на локалните новинари/ки и медиумски работници“. Лот: 3.1 – Обуки А.1.