Владеачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера демострираа дека се противат Македонија да биде слободна, цивилизирана и демократска земја. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ не е битно што пишува во Уставот, кој гарарантира слобода на медиуми, туку што наредуваат Никола Груевски и Али Ахмети.
Тие вчера во Собрание бессрамно и кукавички одбија дури да расправaат за измените и дополнувањата на Законот за аудио аудиовизуелни медиумски услуги, иницирани од петте новинарски и медиумски организации и поддржани од Европската Унија и Соединетите држави. Груевски и Ахмети зарија нож во грбот на европската перспектива на Македонија.
Власта не сака слободни и професионални медиуми оти се плаши од вистината, која е многу поразлична од виртуелната реалност што ја креираат нејзините медиумски мегафони. Најголем дел од приватните национални телевизии се ставени целосно во служба на агресивната пропаганда на власта како во времето на режимот на Слободан Милошевиќ.
Нашиот закон во Собрание доби поддршка од 34 пратеници од македонската опозиција од редовите на СДСМ, НСДП, ДС, ДОМ и двајца независни пратеници. Сакаме на секој од нив поединечно да им се заблагодариме за поддршката. Пратеникот Зулфи Адили од Унитети беше единствен пратеник Албанец што гласал за законот, за што и нему искрено му благодариме.
Разочарани сме од двојната игра на пратениците на ДПА. Мистериозно изчезнале од седницата кога требало да се поддржи законот. Со тоа, оваа партиоја ја испушти шансата да покаже дека навистина е опозиција во Собранието.
За пофалба е гестот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората, Ристо Манчев, кој го поддржал предлогот, а пратеникот од Америка, Павле Саздов, со својот глас воздржан се дистанцираше од останатите пратениви на ВМРО-ДПМНЕ. Искрено се надеваме дека ваквиот чин на пратениците од дијаспората позитивно ќе влијае на подигнувањето на свеста во ВМРО-ДПМНЕ за важнста за слободни медиуми.
Битката продолжува. Професионални медиуми не се важани само за новинарите, туку пред се за граѓаните. Тие имаат право да бидат информирани точно и вистинито. По се изгледа дека со Груевски и Ахмети на власт мисијата за професионални медиуми станува невозможна. Изборот е на гражаните на македонија на денот на изборите ќе покажат какви медиуми сакаат.
Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)
Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)
Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)
Македонски институт за медиуми (МИМ) и
Институт за комуникациски студии (ИКС)