Синдикатот на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) смета дека е неправедна одлуката на Апелација која иако ја намали, сепак ја потврди казната затвор за колегата колегата Томислав Кежаровски, иако ние сме цврсто убедени дека тој е невин.
Правдата ќе беше задоволена доколку Кежаровски беше ослободен од сите обвиненија и доколку одговараат сите оние поради кој новинарот во последниве две години минува низ пекол само затоа што си ја вршел работата.
Повторуваме, Кежаровски е невин и тој одамна требаше да биде на слобода!
Кежo речиси две години на свои плеќи го носи тешкото бреме да го брани интегритетот на македонското новинарство, да не поклекне, да не го открие изворот, да не се согласи невистината да ја прогласи за вистина. Затоа казната за него е казна за сите нас. Со пресудата за Кежаровски му е пресудено на новинарството како чувар на јавниот интерес и демократијата, наспроти опортунизмот и конформизмот на пропагандата во служба на власта
- +389 77 723 574 | +389 2 2671 201
- ssnm.info@gmail.com
- бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 58-Б, Скопје