LO-TCO е проект финансиран од Меѓународната федерација на новинари (IFJ). Неговата цел е да го зајакне капацитетот во спроведувањето на работните активности и целите на организацијата.
Публикацијата „Бела книга“ произлезе од потребата за синтетизирање на најкрупните проблеми на македонскиот журнализам во засебен документ. Еден од резултатите на тоа созревање е токму оваа студија за работните права и професионалните стандарди на македонските новинари. Проектот „Бела книга“ е реализиран со поддршка на Британската амбасада во Македонија, Период на имплементирање 2013-та година.
Во рамките на проектот„Солидарност за слобода“ спроведени се активности со цел подигање на солидарната свест кај новинарите, како и подобрувањето на имиџот на новинарството и новинарите во јавноста. Формиран е и Солидарен фонд за финансиска помош на членовите на кои таа им е потребна. Фондот се финансира од синдикалните активности, синдикалната членарина и донации. За оваа цел, издаден е и музички албум на новинарската група „Репортери“. Проектот „Солидарност за слобода“ е реализиран со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија.
„Прекарна работа во медиумите“ е студија иницирана од несигурната, непостојана, незаштитена и слабо платена работа на која се изложени новинарите. Анализата е спроведена во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Проектот „Прекарна работа во медиумите“ е реализиран со поддршка на Фондацијата Роза Луксенбург (RLS).
„Мрежа 23“ е проект за создавање мрежа на граѓански организации за следење, евалуација, и застапување на политиките во рамките на Поглавјето 23 од пристапните преговори во ЕУ, правосудтво и темелни права. Проектот „Мрежа 23“ е реализиран со поддршка на Делегацијата на ЕУ – ИПА, во имплементација на Институтот за европска политика (ЕПИ). Период на имплементирање 2014-та година.
Проектот „Драфтирање на колективен договор за медиумската индустрија“, имаше за цел да иницира дискусија и да ја постави на јавната агенда темата за потребата од колективно преговарање и Колективен договор за медиумската индустрија . Тој резултираше со нацрт – Колективен договор во чија што изработка учествуваа голем број новинари и медиумски работници. Период на имплементирање 2015 година
Проектот „Работнички права на медиумските работниците“ резултираше со Стратегија за коминикација, зголемување на видливоста на ССНМ и преку тренинзи и средби создаде мрежа на обучени активисти и синдикални претставници кои лобираат за подобрување на професионалните стандарди за работа на новинарите и медиумските работници. Период на имплементирање -2015 година
Во тек е имплементирање на проектите:
Јакнење на синдикализмот во медиумската индустрија.Проектот ш има за цел да обезбеди ефикасна правна и колективна заштита на новинарите и медиумските работници, да едуцира и да го засили активизмот во одбрана на професионалните и работни права на новинарите и медиумските работници, да оспособи медиумски професионалци успешно да преговараат и да ги застапуваат и промовираат вредностите и интересите на професијата и да го зајакнат присуството на прашањето за работните и професионални права во медиумската индустрија како предуслов за професионално новинарство со интегритет во јавниот дискурс.
Зад насловите е проект што ССНМ го доби како субгрантист на ЗНМ во рамките на проектот „Новинарска мрежа за независни медиуми во Македонија“ поддршан од ЕУ. Во фокусот на проектот на ССНМ е создавање на медиумски содржини за теми поврзани со новинарите и медиумите, наметнување во јавниот дискурс на важноста на слободата на изразување но и на почитувањето на професионалните стандарди.
Со овој проект практично јавноста ќе има можност да стекне вистинска, реална слика и сведоштво кое стои зад насловите и штурите информации за отпуштања, затворања на медиуми, или декларативните повици за слобода на професијата.
Преку аналитички текстови и дебати што ќе ги следат на теми кои се од витално значење за професијата ќе се даде можност за јакнење на новинарската солидарност но и за размена на мислења и подобрување на дијалогот меѓу самите новинари од една и јавноста од друга страна.