Работниците од индустријата идната недела на протест

Датум

 

Поради измените во Законот за вработување со кои работниците прогласени за технолошки вишок наместо 5 години треба да добиваат надомест од Агенцијата за вработување само 18 месеци Синдикатот на инустријата (СИЕР)   ќе организира јавен протест .

Според СИЕР станува збор за неприфатливо намалување на правата што ќе ги засегне најмногу повозрасните работници од индустриските дејности. Со оглед на тоа што барањата и предлозите на СИЕР во врска со Законот не се земени во предвид и процедурата за донесување на измените на Законот продолжува – тие во четврток 29.12 ќе организираат јавен протест. Поворката ќе тргне од пред Работнички дом кон Собранието и Владата на Република Македонија во 15.30 минути.

Останати
објави

Сподели на...