Разговори со менаџментот на ТВ АЛФА

Датум

Претседателот и потпреттедателот на ССНМ Тамара Чаусидис и Драган Антоновски денеска имаа средба со менаџментот на ТВ АЛФА управителката Симонида Кажиќ и извршниот директор Љупчо Николовски. Непосреден повод за средбата беа неодамнешните отпуштања на двајца новинари членови на ССНМ во оваа телевизија.

На средбата е договорено дека синдикалниот претставник во ТВ АЛФА во иднина ќе биде информиран и вклучен во одлуките доколку дојде до  ситуација да биде потребно намалување на бројот на вработените. При тоа, како што беше речено, клучниот критериум за оценување ќе биде квантитетот и квалитетот на работата.

Менаџментот не криеше дека постои превработеност во информативната редакција на телевизијата поради што, како што тврдат  и биле извршени последните отпуштања на новинари кои биле под  договор на определено време.

Од страна на ССНМ менаџментот е информиран дека новинарите кои се отпуштени имале склучени Договори за вработување без назначено времетраење, поради што согласно член 14 став 3 од Законот за работни односи  тој се смета за договор на неопределено време.

На средбата се разговараше и за информациите за судир на главниот и одговорен уредник со еден од отпуштените новинари, како и за работната атмосфера во редакцијата. Од страна на синдикатот  менаџментот е информиран дека кога станува збор за наши членови-новинари професионалните стандарди се клучни во вршењето на работата  и  дека согласно новиот закон за мобинг доколку бидат подложени  на притисок писмено ќе ги информираат за случувањата, врз основа на што, во иднина можат да бидат покренати и правни процедури

Останати
објави

Сподели на...