Реакција на основното јавно обвинителство

Датум

stav-stravССНМ како новинарски синдикат кој го брани правото на слободно и професионално практицирање на професијата, наспроти тенденциите таа да се претвори во прислужничко, пропагандно новинарство ги отфрла заканувачките предупредувања на Основното Јавно обвинителство дека „објавувањето на матерјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“.

Новинарите кои ќе дојдат до матерјали поврзани со информации за потенцијален судир на интереси, за погрешно информирање на јавноста преку изјави или постапки на службени лица, организации или власти, за неетично или незаконско однесување на функционери, за злосторства или сериозни прекршувања на закон имаат професионална обврска тоа да го објават.

Тоа е суштината на фундаменталниот принцип на новинарството – информирање во јавен интерес и почитување на уставното право на јавноста да знае! Тоа е кредото на професијата безоглед што за тоа другите, вклучително и власта, мислат!

Никакви предупредувања на Јавни обвинителства не смеат да бидат оправдување за повлекување од основната задача на новинарството – да го брани јавниот интерес така што ќе и помогне на јавноста преку информациите што ги пренесува, самата да донесе сопствена одлука и сопствено мислење за прашањата и случувањата во општеството.

Затоа новинарите имаат не само право, туку и обврска да откриваат информации за кривични дела и да попречат заведување и манипулирање на јавноста од позиција на моќ.

 

Скопје, 4.2.2015

 

Останати
објави

Сподели на...