ССНМ и ЗНМ реагираат на непрофесионалниот однос кон новинари во Велес

Датум

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираат на непрофесионалниот и навредливиот однос од страна на Александра Андреева, шеф на кабинет на градоначалникот на општина Велес кон новинарите од онлајн медиумот Батали.нет од Велес.

Конкретно станува збор за веб порталот Батали.нет од Велес и неговите новинари кои неколку денови се изложени на напади и навреди на Фејсбук од страна на шефот на кабинет на градоначалникот на Велес, по објавената, односно пренесената вест во врска со случајот со албанска паралелка во велешката Гимназија.

На социјалната мрежа Фејсбук, Андреева во својата објава, порталот Батали.нет го нарекува партал, а новинарите ги обвинува дека се продавале за пари, што предизвика говор на омраза во коментарите под објавата.

ЗНМ и ССНМ бараат од Андреева како јавен службеник и шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Велес јавно да се извини, а од општина Велес јавно да се огради од постапките кон новинарите и медиумските работници на својот вработен.

Останати
објави

Сподели на...