ССНМ и ЗНМ: Заканите и тужбите не смеат да го замолчат гласот на новинарите

Датум

Неопходно да се овозможи отворен и конструктивен дијалог меѓу јавните функционери и медиумите, како и да се зачува правото на новинарите да ја вршат својата работа без страв од притисоци или заплашувања

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразуваат загриженост поради актуелните предизвици со кои се соочуваат новинарите во однос на транспарентноста и отворената комуникација со градските власти во градот Скопје.

Конкретно, игнорирањето на медиумските покани и ограничувањето на пристапот до информации од јавен интерес придонесуваат за напнатост и го отежнуваат слободното новинарско работење. Дополнително, се појавуваат правни притисоци и најави за тужби кон медиумот „Скопје1“, што предизвикува чувство на обесхрабрување кај новинарите.

ССНМ и ЗНМ нагласуваат дека е неопходно да се овозможи отворен и конструктивен дијалог меѓу јавните функционери и медиумите, како и да се зачува правото на новинарите да ја вршат својата работа без страв од притисоци или заплашувања. Слободата на изразување и правото на медиумите да информираат се темелни принципи на демократското општество.

ССНМ и ЗНМ ги повикуваат надлежните институции да обезбедат заштита и поддршка за професионалните права на новинарите, како и да се осигура средина каде медиумите можат слободно да ја информираат јавноста.

Останати
објави

Сподели на...