ССНМ ја продолжи соработката со Македонски народен театар

Датум

Членовите на ССНМ добиваат бесплатни билети за претставите на Македонски народен театар. Во 2025 година, МНТ го одбележа 80-годишниот јубилеј.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја продолжи соработката со НУ Македонски народен театар според која членовите на ССНМ имаат можност бесплатно – секако, во ограничен број – да ги посетуваат претставите на оваа реномирана културна институција.

Соработката со овој театар им овозможува на многу колеги новинари и медиумски работници да погледнат култни драмски текстови во изведба на извонредната актерска екипа, поставени на сцената од врвни режисерски имиња со поддршка на останатиот ценет тим на МНТ.

МНТ во моментов на својот репертоар има престижни и наградувани претстави, што ја утврдува определбата на овој театар секоја сезона да биде и разновидна, но и атрактивна за пошироката театарска публика. За повеќе информации во врска со репертоарот, посетете го сајтот на МНТ.

извори на слики

Останати
објави