Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до одговорните лица во македонските медиуми да им овозможат соодветна заштита на своите вработени, особено на оние новинари и медиумски работници што мораат да известуваат на отворено.
Земјава, според УХМР, е во топлотен бран и влегува во портокалова фаза која носи опасност од влошени временски услови што носат значителен ризик по здравјето на луѓето, и може да предизвикаат опасност и несреќи.
Новинарите и медиумските работници по службена должност мора секогаш да се на терен и да известуваат при секакви временски услови и токму затоа треба да се внимава и соодветно на условите да се постапува при извршување на работните задачи. Сето тоа со цел да го заштитат своето здравје, а истовремено да им овозможат навремена и објективна информација на граѓаните.
Укажуваме дека во овие временски услови најдобро е да се почитуваат препораките и советите на Институтот за јавно здравје за справување со топлото време, и новинарите и медиумските работници да не бидат изложувани на непотребен ризик по здравјето при извршувањето на своите обврски.