• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

ССНМ: Најавата за згаснување на весникот „Независен“ уште еден удар за медиумските работници

Најавата за згаснување на весникот „Независен“ Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја смета за уште еден удар како врз медиумските работници во Македонија, така и врз целокупниот медиумски пазар на труд.

ССНМ по потврдата од менаџментот дека весникот „Независен“ утре нема да излезе, со жалење констатира дека тоа значи останување без работа на повеќе од 20 новинари и медиумски работници, со што уште повеќе се продлабочува и онака лошата социјално-економска состојба на новинарите во Македонија. Останувањето на новинари и медиумски работници без работа значи потрес за медиумскиот сектор во земјава каде се зголемува понудата на работна сила, а се намалува побарувачката што за новинарите значи помала сигурност и поголем притисок.

Затворањето на „Незвисен“ покажува и колку е кревок овој сектор и условите во кои работата новинарите и медиумските работници, во секојдневен страв за своите работни места.

Истовремено ССНМ укажува на тенденциите професионалните редакции кои се држат до професионалните стандарди и етичкиот кодекс на новинарите се потешко да опстануваат на пазарот и апелира за забрзување на медиумските реформи кои би опфатиле овозможување поддршка (субвенции) за медиумите кои професионално и објективно известуваат.

Scroll Up