ССНМ со поддршка за Синдикатот на контролори на летање

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува целосна солидарна поддршка на Струковиот синдикат на контролори на летање, како и на другите синдикати во М-НАВ.

ССНМ ги поддржува сите барања на колегите синдикалци за оставки на раководството на оваа значајна институција, расчистување на случајот со упаѓање во контролата на летање и одговорност за сите вклучени.

Сметаме дека професионалноста, знаењето и вештините мораат да бидат единствени критериуми за вработување, особено кога станува збор за чувствителни институции како што е контролата на летање од кое што директно зависат животите и безбедноста на луѓето и на воздушниот простор на државата.

Останати
објави

Сподели на...