За Законот за медиуми

Датум

Извршниот одбор на ССНМ на седницата одржана на 8 декември  зазеде став во однос на контроверзните најави за Закон за медиуми или како велат, “регулатива за усогласување со ЕУ”.

ССНМ не се согласува со начинот на кој Министерството за транспорт и врски го постави и го  менаџира наметнувањето на темата за законска регулатива. Синдикатот на новинарите и медиумските работници  инсистира да биде суштински вклучен во дебатата за потребите од Законот или регулативата за медиуми, а доколку се оцени дека неговото донесување е неопходно да биде дел од работните групи составени пред се од претставници на медиумската заедница . Не прифаќаме да бидеме само  декор на еден процес од кој зависи иднината на медиумската индустрија,  а со тоа и иднината на работните места на нашите членови.ССНМ бара директна и одбива да прифати консултативна вклученост во тој процес.

Предложениот концепт на Министерството за транспорт и врски можете да го погледнете ОВДЕ

Останати
објави

Сподели на...