• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

Загрижува нетранспарентноста при разрешувањето на главниот уредник на “Фокус”

 

 

ССНМ го оценува разрешувањето на главниот уредник на неделникот “Фокус” Зоран Димитровски како нетранспарентна одлука на менаџментот и со тоа се отвораат сомнежи за евентуално ограничување на слободата на говорот во медиумите, ограничување и мешање во уредувачката политика на редакцијата.

Недемантираните сомневања на главниот уредник дека смената од позицијата ја добил поради критички ставови против власта изразени во неделникот, за кои бил опоменуван од менаџментот, како и изјавата дека „не било ниту прв, ниту последен пат во изминатите 25 години да биде разрешен еден главен уредник“, упатуваат на одлука која е против добрите практики во медиумите, дотолку повеќе што не е донесена во консултација со главниот уредник, ниту пак со редакцијата.

Вистина е дека менаџментот секогаш има право да именува или разрешува луѓе на уреднички позиции, но тоа треба да се прави со образложение и оправдани причини и секако, добра практика е, во консултација со новинарите во редакцијата.

ССНМ апелира до сопствениците на медиумите во Македонија да не се мешаат и да не ги ограничуваат правата и слободите на новинарите и уредниците и да ги третираат сопствените медиуми и новинарството во нив како јавно добро, пред се како алатка на јавноста за контрола на демократијата и на владеењето на правото во општеството.

Scroll Up