Закони за контрола на медиумите

Датум

ССНМ  констатира дека со вчерашното усвојување на амандманот на ВМРО и ДУИ за проширување на ингеренциите на Агенцијата за медиуми  за набљудување на работата  и на  печатените и интернет медиуми конечно е разоткриена вистинската намера на инсистирањето за носењето на медиумските закони. Тие ниту се барање од европската унија, како што впрочем и соопшти делегацијата на ЕК во Македонија, ниту се обид да се адресираат клучните прашања во медиумската сфера – рекламирањето како алатка за корупција и гушењето на слободата на изразувањето во редакциите, прашања кои  воопшто ги нема во предложената легислатива, туку се проект за ставање под контрола и на печатените и интернет медиуми,  како и  дисциплинирање на електронските со казни, за да не мораат да се поткупуваат со реклами.

 

Се покажа дека сета фарса со јавни дебати и расправи, експертизи од ОБСЕ и Советот на Европа беше со цел да се одглуми транспарентност и инклузивност на еден малициозен процес за ставање под контрола или озаконување на веќе постојната контрола врз јавниот збор и јавното мислење.

Останати
објави

Сподели на...